Линкови за пристапност

 
Групите за човекови права и националната безбедност на САД ќе се соочат на суд за Гвантанамо

Групите за човекови права и националната безбедност на САД ќе се соочат на суд за Гвантанамо


Депортација на нелегални имигранти од САД кон поморската база во Гвантанамо, на 5 февруари, 2025
Депортација на нелегални имигранти од САД кон поморската база во Гвантанамо, на 5 февруари, 2025

Адвокати од групите за човекови права и претставници од Одделот за национална безбедност на САД ќе имаат судско соочување поврзано со неодамнешното трансферирање имигранти во базата Гвантанамо во Куба, пред нивна депортација.

Соочувањето ќе биде денеска, во окружниот суд во Вашингтон.

Тужбата од групите за човекови права посочува дека американската безбедносна служба ги пречекорила овластувањата со трансферот на нелегалните имигранти во Гвантанамо и попречувањето на каква било правна помош за затворените. Воедно се наведува дека со затворањето, без соодветна легална одлука, се прекршуваат и уставните права.

Официјални претставници од Одделот за национална безбедност не одговорија веднаш на барањето за коментар во однос на тужбите, но во неколку наврати ги отфрлија обвинувањата од групите за човекови права.

„Се чини дека Американскиот синдикат за граѓански слободи многу повеќе се интересира за промовирање отворени граници и нарушување на јавната безбедност отколку за заштита на граѓанските слободи на Американците“, рече неодамна претставник од Одделот за национална безбедност во изјава за Гласот на Америка, а кој одби да биде именуван.

Претседателот Доналд Трамп прв ја покрена идејата за користење на американската поморска база во Куба како дел од плановите на неговата администрација за масовни депортации. Од Националната безбедност рекоа дека базата ќе се користи за сместување на „најлошите од најлошите“.

Трамп и други американски официјални лица, исто така, сугерираа дека базата може да се користи за сместување до 30.000 мигранти додека тие чекаат депортација. Тие планови, сепак, не се реализираа целосно.

Трансферот на првите мигранти во Гвантанамо стартуваше на почетокот од февруари. Многумина од нив потоа биле депортирани во Хондурас, Венецуела или во други земји.

Како што веќе објави Гласот на Америка, Одделот за национална безбедност одлучи да ги отстрани преостанатите мигранти од Гвантанамо и да ги пренесе во сојузната држава Луизијана.

XS
SM
MD
LG