Претседателотот на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом Мајкл Мекол, претседателот на Поткомитетот за Блискиот исток, Северна Африка и Централна Азија Џо Вилсон и претседателот на Поткомитетот за Европа Том Кин Џуниор, испратија писмо до американскиот државен секретар Ентони Блинкен во кое го повикува да воведе задолжителни санкции како одговор на значајните одбранбени трансакции на Владата на Иран со Руската Федерација.
„САД мора да ги искористат сите релевантни политички алатки, вклучително и органите за контрола на извозот и санкциите, за да ги обесхрабрат и попречат дестабилизирачките односи меѓу овие два опасни малигни актери“, напишаа членовите.
„Стекнувањето на Су-35 од лица кои работат за или во име на рускиот одбранбен или разузнавачки сектор го исполнува стандардот за „значајна трансакција“ согласно член 231 од Актот за справување со непријателите на Америка преку санкции “, се вели во писмото.
Според нив, администрацијата „мора да наметне задолжителни санкции на Иран за оваа трансакција во согласност со Актот за справување со непријателите на Америка преку санкции, со американскиот закон и претходните дејствија против Одделот за развој на опрема на Кина за купување на Су-35““.