Линкови за пристапност

Груевски и Заев утре ќе се обидат да најдат решение за политичката криза

  • Борјан Јовановски

Опозицијата со список од пет услови; премиерот, пак, бара таа да се вразуми.

Премиерот и претседател на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и претседателот на најголемата опозициска партија СДСМ, Зоран Заев, утре во Клубот на пратениците на тет-а-тет средба ќе се обидат да најдат решение за актуелната политичка криза што носи закана Македонија наесен да ја загуби препораката од ЕК за почеток на преговорите.

Опозиционерите најавија дека на утрешната средба, на Груевски ќе му предадат список од пет услови за да се вратат во Собранието. Тие бараат формирање на техничка влада што ќе организира нови избори, измени во изборниот законик, спроведување на попис, прочистување на избирачкиот список и рамномерна медиумска застепеност. Воедно, СДСМ бара евентуалниот договор да биде гарантиран од ЕУ.

Во пресрет на утрешната средба, премиерот најави дека очекува таа да донесе крај на политичката криза.

„Очекувам опозицијата да се вразуми и да престане да прави штета на земјата и сите граѓани“, изјави Груевски, потенцирајќи дека техничката влада не е решение за излез од кризата.
XS
SM
MD
LG