Линкови за пристапност

Комисијата предложи да му се одземе мандатот на Груевски


Комисијата предложи да му се одземе мандатот на Груевски
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:59 0:00

Неговите сопартијци целиот процес против долгогодишниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ го оценија за политички прогон

Констатирам дека Комисијата со мнозинство гласови заклучи до Собранието да поднесе предлог за одземање на мандатот на Никола Груевски, вели Павле Богоевски, претседателот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања.

Со оваа одлука помина првата фаза од собраниската процедура за одземање на пратеничкиот мандат на експремиерот, правосилно осуден на двегодишна затворска казна за набавката на мерцедесот.

Неговите сопартијци, пред да дојде чинот на гласање, целиот процес против долгогодишниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ го оценија за политички прогон.

„Пресудата за Груевски е донесена во процес во кој не е докажана штета врз државата. Предметот е во рацете на некој друг со кој секој ден се вози, а се возеа и странски гости. Затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат против одземањето на мандатот на Груевски“, изјави Трајко Вељановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Александар Кирацовски од СДСМ рече дека „никој не е над правдата, особено не избраните од народот. Присутни, правда мора да има за сите. Никој не е над правдата. Секој оној за кој има судска пресуда мора да одговара за своите постапки“.

Богоевски додаде дека главната причина поради која тврди дека мандатот на Груевски треба да му се одземе е оти е осуден за кривично дело злоупотреба на власт.

Независните пратеници кои неодамна беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ поради поддршката за уставните измени денеска го формализираа ставот за мандатот на експартискиот шеф.

Сашо Василевски од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ рече „нашиот став е против“.

Без гласовите на овие пратеници нема двотретинско мнозинство неопходно за одземање на мандатот на Груевски.

Експремиерот ги користи последните правни лекови кои можат да му овозможат уште неколкудневно одложување на издржувањето на затворската казна.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG