Линкови за пристапност

Груевски не се појави на изрекувањето на пресудата во Апелациониот суд


Груевски не се појави на изрекувањето на пресудата во Апелациониот суд
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:45 0:00

Груевски тврди дека делото за кое го товарат веќе е застарено

Никола Груевски и неговите адвокати, како што и најави екс-лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, не се појавија на денешната јавна седница на скопска апелација на која се решава за жалба на поранешниот премиер за првостепената пресуда со која тој е осуден на две годишна затворска казна за набавката на ултраскапиот мерцедес од речиси 600.000 евра. Груевски тврди дека делото за кое го товарат веќе е застарено. СЈО смета поинаку:

„Не сметаме дека делото е застарено, тоа застарува во октомври. Се надеваме дека апелација ќе реши во наредните денови,“ рече Гаврил Бубевски, обвинител на СЈО.

Одбраната на Груевски побара изземање на специјалната обвинителка Катица Јанева – предлог што не помина пред судот. Наспроти отсуството на екс-премиерот, денеска во судницата се појавија адвокатот на поранешниот помошник- министер во МВР, како и самиот Ѓоко Поповски кој за истото дело доби шест и пол годишна затворска казна.

„пресудата има бројни недостатоци, како и бројни повреди на законот за кривична постапка“ рече Стерјо Зиков, адвокат на Ѓоко Поповски.

Вчера, Груевски, по подолго отсуство од јавноста, се појави во собранието и обвини дека власта води политичка хајка против него, дека судиите работат под притисок и дека се планира негово апсење пред одржувањето на референдумот за Договорот со Грција.

Во знак на поддршка на поранешниот премиер, денеска пред судот се појавија десетици негови поддржувачи чии активности беа набљудувани под силно полициско обезбедување.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG