Линкови за пристапност

Фрацк: Неверојатно е дека немало соработка Груевски да избега


Реакција на Институт за миграциона политика во Вашингтон за азилот на Груевски
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:05 0:00

Барањето за азил на поранешниот премиер го насочи вниманието кон очајот и третманот на обичните бегалци во однос на познатите лица кои бараат заштита, вели аналитичарка од Институтот за имиграциона политика во Вашингтон

Нема основа да се добие азил ако се бега поради пресуда за направен криминал, кој не е поврзан со политички убедувања, вели Сузан Фрацк од Институтот за миграциона политика во Вашингтон, коментирајќи го случајот на поранешниот премиер Никола Груевски, кој денес јави дека добил политички азил во Унгарија.

„Ако обвинението за корупција не е политички мотивирано, и ако не сте прогонувани единствено поради вашите политички ставови, а истовремено постојат суштински докази дека навистина сте направиле криминал, тогаш не може да барате заштита“, апелира Фрацк.

Таа смета дека македонските власти имаат силни докази дека обвинението за корупција е оправдано, и оти Унгарија тоа требала да го земе предвид при носење на одлуката.

„Во моментов постои голема загриженост за унгарскиот систем за барање и давање азил, особено поради фактот што Унгарија генерално го отежна овој процес за лицата, кои не се познати во јавноста. Случајот на Груевски го насочи вниманието кон очајот на обичните бегалци во однос на третаманот што познатите лица го добиваат кога бараат заштита“, објаснува Фрацк.

Според неа, загрижувачки е како тој ја поминал границата, осбено од Србија кон Будимпешта, без да биде забележан, особено поради фактот што таа граница е строго контролирана токму поради бегалците.

„Неверојатно е некој да ја помине таа граница, со оглед на тоа колку е обезбедена, што укажува дека постоело некое ниво на соработка во овој случај“, убедена е Фрацк.

Таа вели дека законските решенија за бегалците не треба да се однесуваат за поединци кои се обидуваат да избегнат криминални обвиненија ниту пак, се донесени за да ја нарушуваат политиката на екстрадицијата, додавајќи дека некои држави, како во овој случај, изнаоѓаат креативни начини да ги заобиколат регулативите кога имаат политички интерес.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG