Линкови за пристапност

Груевски: Владата сака решение, но нема со кого да разговара


Нема нормална комуникација со грчките власти за да се дојде до комромис за името, кажа премиерот во Собранието

„Ние сакаме да се дојде до решение за името. Тоа решение може да биде компромис, но не може да биде диктат со кој што ќе се менува идентитетот и нешто што со векови се градело, се почитувало, се негувало и се живеело за него. Ние сакаме решение што ќе биде прифатливо за мнозинството граѓани на Република Македонија на организиран референдум“, рече Груевски одговарајки на прашањето на пратеникот Тито Петковски за тоа за тоа дали има подготвеност за единствен државнички став пред Самитот во Чикаго.

Груевски во оваа прилика се пожали дека комуникацијата со официјална Атина не е на ниво кое ќе овоможи да се дојде до поскуваното решение за името.

„Со исклучок на средбата со грчкиот премиер на 1 март, безмалку една година не можеме да воспоставиме нормална комуникација со Грција од причина што тие имаат одредени проблеми со кои се соочуваат“, изјави Груевски. Тој додаде дека државен став би можел да се изгради кога ќе има разговори и кокретен предлог за решение понудено од некого. Во тие услови, смета Груевски, би можел да заседава Парлементот и да дискутира на отворена или затворена седница. Во моменотов тој кажа дека дополнително ја комлицира ситуацијата изборната кампања во Грција.

„По завршувањето на кампањата, доколку кај таа страна постои волја и интерес, како и во минатото, ние сме подготвени да седнеме и да бараме решение, но не и едностран диктат што ќе го понижи целиот народ и кој што решавајќи едно прашање ќе отвори друго за кое што се загубени векови и се загубени илјадници, стотици илјади животи во Македонија“, изјави Груевски.

Во одговорот на прашањето од пратеникот Петковски, премиерот потенцираше дека актуелната власт покажува дека има поголема волја и желба земјата да ја внесе во НАТО и во ЕУ, според чекорите и делата кој ги прави.

„Или не ве бидувало или не сте сакале. Сега се соочуваме со моментум што значи нелегална блокада од страна на Грција, што го докажа и судот во Хаг, кој јасно покажа дека Македонија во ниту еден момент не ја прекршила спогодбата потпишана во 1995 година и дека постојано разговарала со добра волја за да се најде решение“, изјави премиерот.

„И Владата и целата политичка гаранитура“, додаде Груевски, „прави се` што е во нејзина моќ да се дојде до решение кое што ќе ја деблокира земјата и ќе и` овозможи влез во НАТО и во ЕУ“.

XS
SM
MD
LG