Линкови за пристапност

Премиерот на Македонија даде отчет на работата за првите сто дена на новата влада


Премиерот на Македонија даде отчет на работата за првите сто дена на новата влада
Премиерот на Македонија даде отчет на работата за првите сто дена на новата влада

Никола Груевски се обрати на нацијата преку Интернет зборувајќи за постигнатото во сите сфери на општеството

Премиерот Никола Груевски денеска преку веб страницата на владата во живо им се обрати на граѓаните за да даде отчет за сработеното во првите сто дена од формирањето на новата влада по предвремените парламентарни избори одржани на 5-ти јуни.

„Реформите и проектите се остваруваат со силна динамика и со почит кон граѓаните. Ветеното мора да биде исполнето. Во реализацијата на проектите се водевме од темелните принципи и од државните интереси“, рече Груевски.

Тој додаде дека продолжуваат реформите во јавната администрација, во судството, во образованието, во економијата и во здравството.

Во обраќањето Груесвки се осврна и на Извештајот на Европската комисја за напредокот во европските интеграции:

„Од Европската комисија по третпат добивме позитивен извештај и препорака за почеток на претпристапните преговори со ЕУ. За првпат оваа Влада ги спроведува темелните реформи во јавната администрација, која се гради како деполитизирана и непартиска. Очекувањата се дека реформите во судството треба да ги дадат резултатите во наредниот период. Ние и во иднина ќе продолжиме со посветена работа за унапредување на сите сфери од општеството, за реформи и континуирана модернизација, за обезбедување на услови за развој и можности за комплетен напредок“, рече во видео обраќањето премиерот Груевски.

Во обраќањето Груевски не посвети простор на спорот со Грција и проблемот со името.

XS
SM
MD
LG