Повеќето здрави деца на возраст од четири до десет години растат околу пет сантиметри годишно. Но, дали ваквиот раст може да укажува на хормонален проблем?
Лекари од педијатриската ендокринологија на Универзитетот за медицина во Мисури, утврдиле дека недостиг на хормонот за раст може да биде причина за ваквата состојба кај децата.
„Хормонот за раст не влијае само врз растот, туку и врз мускулната маса и дистрибуцијата на масти, така што се одрзаува врз холестеролот и врз целиот организам“, вели лекарот Барт Бакрач од Универзитетот за медицина во Мисури.
Тој објаснува дека хормоналниот недостиг е состојба која ја вклучува хипофизата, релативно мала жлезда сместена во основата на черепот, и која го произведува хормонот за човековиот раст.
Лекарите укажуваат дека со примање хормонална инјекција еднаш дневно, растот на децата на оваа возраст може да се зголеми и до 15 сантиметри годишно.
Facebook Forum