Линкови за пристапност

Уште шест недели зима во Северна Америка​


Секоја година на втори февруари мрмотот Фил прогнозира колку ќе трае зимата

Мрмотот Фил познат по прогнозирање на времето, предвиде уште шест недели зима во Северна Америка.

Фил предвидувањето го направи во градот Панксутони, Пенсилванија, кога ја виде својата сенка.

Но, точноста за прогнозата годинава ќе биде сомнителна за мрмотот-прогнозер.

На 2-ри февруари се одбележува „Денот на мрмотот“, кога традиционалното животно од Пенсилванија - мрмотот, познато како „Панксутони Фил“, излегува над земјата, во близина на едно дрво кое е негов дом. Легендата вели дека ако ја види својата сенка - односно, ако е сончев денот, во Северна Америка ќе има уште шест недели зима. Ако не, пролетта ќе пристигне порано.

Мрмотите се познати како метеоролози. Тие го предвидуваат времето уште од 1887-ма година.

Според евиденција уште од 1887-ма година, може да се забележи дека Фил предвидел многу повеќе зими отколку рана пролет.

И другите држави имаат свои мрмоти, како што е Волтер Вали од Северна Каролина. Западна Вирџинија го има мрмотот францускиот Крик Фреди. Грузија пак го има генерал Борегард Ли.

Најпознатото вакво животно од Отава, Канада, е Вајартон Вили.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG