Линкови за пристапност

Мрмотот јави уште шест недели зима


Според легендата, ако тој си ја види сенката и ако е сончево, ќе има уште шест недели зима во Северна Америка, што беше случај овој четврток

САД ќе имаат уште шест недели зима, според прогнозата на најпознатиот мрмот во Пенсилванија.

Секоја година, 2-ри февруари се одбележува како Денот на мрмотот, кога традиционално мрмотот од Пенсилванија, познат како „Фил од Пангсатони“ се појавува во близина на стеблото, која тој го смета за негов дом.

Според легендата, ако тој си ја види сенката и ако е сончево, ќе има уште шест недели зима во Северна Америка, што беше случај овој четврток. Ако тоа не се случеше, прогнозата ќе беше дека пролетта ќе дојде брзо.

Фил од Пангсатони е најпознатиот мрмот-временски прогнозер, но други сојузни американски држави, како и Канада, имаат нивни мрмоти-прогнозери.

Традицијата потекнува од 1887-та година, а оттогаш познатиот мрмот претскажал повеќе зима, отколку пролет.

XS
SM
MD
LG