Линкови за пристапност

Пролетта доаѓа рано


Најавува најпознатиот мрмот во САД од сојузната држава Пенсилванија

Добри вести од мрмотот Фил. Секоја година ова време тој се појавува од стеблото каде што наводно презимува за да прогнозира кога навистина ќе дојде пролетта.

Годинава пролетта ќе пристигне рано, најавува најпознатиот мрмот во САД од сојузната држава Пенсилванија, зашто овој пат, не си ја виде сенката. Ако беше сончево и имаше сенка, според легендата, Северна Америка ќе ја чекаа уште шест недели зима.

Други сојузни држави и Канада имаат свои мрмоти за консултација. Традицијата датира најрано од 1887-та година.

XS
SM
MD
LG