Линкови за пристапност

Мрмотот предвидува уште шест недели зима


Мрмотот предвидува уште шест недели зима
Мрмотот предвидува уште шест недели зима

Зимата ќе остане уште шест недели, според славниот крзнен жител на малото гратче Пангсатони, во Пенсилванија.

Мрмотот познат под името Фил од Пангсатони излезе од својот дом во стебло рано во четврток, како секоја година, и ја виде својата сенка.

Според традицијата Фил ја гледа својата сенка ако денот е сончев, и тоа значи дека ќе има уште шест недели зима. Ако не ја види, пролетта ќе пристигне скоро.

Ако Фил е во право со неговата прогноза за 2012, САД може да го добијат зимското време што го немаше цела сезона која почна пред речиси два месеци.

Минатиот Ден на мрмотот, повеќе од половина од континенталниот дел на САД беше покриен со снег. Повеќе од петина од државата беше покриена со снег во средата.

Организаторите очекуваа собир од 15.000 луѓе за традиционалното одбележување на овој ден.

Традиционално овој ден се одбележува на вториот ден во февруари во градови и села низ САД и Канада.

Мрмотот го предвидува времето од 1887.

XS
SM
MD
LG