Обама ќе положи венец и приватно ќе се сретне со роднини на убиените во 2001-ва. Белата куќа вели дека претседателот не се очекува да има јавно обраќање.
Порано неделава, американската единица Navy SEALs го убија бин Ладен во градот Аботабад.
Обама реши да не бидат објавени фотографии на мртвиот лидер на ал-Каида, велејќи дека графичкиот приказ може да креира ризик за националната безбедност и да иницира насилство.
Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни во среда кажа дека мнозинството од најблиските соработници на Обама се согласиле фотографиите на бин Ладен да бидат класифицирани. Тој рече дека убедливи аргументи има за и против оваа одлука, но дека нема да биде објавен визуелен доказ за смртта на бин Ладен.