Линкови за пристапност

Гренел засега останува специјален пратеник за дијалогот меѓу Србија и Косово


Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата кажа дека планира да назначи нов амбасадор во Германија откако на амбасадорот Ричард Гренел му даде нова функција како вршител на должност директор на националното разузнување.

Одговарајќи на прашање од Гласот на Америка, Трамп кажа дека ќе именува замена, и го пофали Гренел дека завршил „фантастична работа“.

Белата куќа исто така потврди за Гласот на Америка дека Трамп планира да именува постојан директор на националното разузнување.

„Имаме четири или пет лица кои се одлични, многу почитувани“, рече Трамп за неговиот потенцијален избор, кој планира да го објави наскоро.

На друго прашање од Гласот на Америка претседателот кажа дека Гренел ќе продолжи во неговатаулога како специјален пратеник меѓу Србија и Косово.

„Тој ќе продолжи со тоа зашто постигна добар дијалог“, рече Трамп.

XS
SM
MD
LG