Според нова студија, живеење помеѓу растенија може да им помогне на жените да живеат подолго.
Истражувачите од Школата за јавно здравје на Харвард, дошле до сознание дека жени „кои живеат во домови со повеќе вегетација се чини дека имаат значително пониска стапка на смртност отколку оние коишто живеат во области со помалку растенија“.
Во текот на осумгодишно истражување, откриено е дека стапката на смртност помеѓу жените кои се опкружени со повеќе вегетација е за 12 проценти пониска отколку на оние кои живеат во домови со помалку зелени површини.
„Ние бевме изненадени додека ја набљудуваме силната поврзаност помеѓу зголемената изложеност на зеленило и намалувањето на стапка на смртност“ вели Питер Џоунс, научен соработник во Одделот за епидемиологија на Школата. „Бевме уште повеќе изнанадени кога најдовме доказ за користа од високото ниво на вегетација во однос на менталното здравје.“
Студијата сугерира дека зеленилото го подобрува менталното здравје со намалување на нивото на депресија. Зеленилото, велат истражувачите, нуди повеќе можности за социјално ангажирање, поголемата физичка активност и помала изложеност на загаден воздух.
За потребите на студијата истражувачите разгледувале податоци од 108,630 жени кои биле вклучени во истражувачка студија од 2000-та до 2008-ма година и ја споредиле стапката на смртност, како и колку зеленило има околу нивните домови. Тие гледале сателитски снимки за да се утврди опкруженоста со зеленило.
Ризичните фактори како возраста, економскиот статус, расата, етничката припадност и пушењето исто така се земени во предвид.
Еден од најголемите ефекти од зеленилото се намален ризик од респираторни заболувања и рак. Студијата покажува дека жените кои живеат во области со повеќе зеленило имаат 34 проценти пониска стапка на смртност од респираторни болести и 13 проценти пониска стапка на смртност поврзани со рак.
Срудијата е објавена во списанието Environmental Health Perspectives.