Линкови за пристапност

Сенатот гласаше против разгледување на Новиот зелен договор


На гласањето 57 наспрема нула гласови беа против зелениот предлог

Сенатот предводен од републиканците во вторникот навечер гласаше против разгледувањето на „Новиот зелен договор“ поддржан од демократите – амбициозен план за справување со климатските промени.

На гласањето 57 наспрема нула гласови беа против зелениот предлог. 43 демократи само се изјаснија дека се присутни во моментот кога беа прочитани нивните имиња, одбивајќи да учестуваат во она што тие го нарекуваат републиканско привидно гласање.

„Госпоѓо претседателке, време е за нови идеи, а не за стара идеологија. Време е за иновативни истражувања, а не за заморна реторика. Време е за револуционерна наука, а не за политички акробации“, рече сенаторката Елизабет Ворен, која е и демократски претседателски кандидат.

„Овој предлог е парче на небото, недостижна крајна дестинација без детали за тоа како да пристигнете таму“, рече републиканскиот сенатор од Тексас Џон Корнин.

Новиот зелен договор е необврзувачки предлог за пренасочување на САД од нафта, природен гас и јаглен кон обновливи извори на енергија, вклучувајќи ги и ветерната и сончевата енергија.

Голем број научници се согласуваат дека согорувањето на фосилните горива предизвикува неприродно загревање на планетата, додека анкетите покажуваат дека многу американски гласачи се загрижени за последиците од климатските промени.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG