Министрите за финансии на Еврозоната постигнаа договор со Меѓународниот монетарен фонд за намалување на долгот на Грција и моментално ослободување на парите за помош, во напор да се спаси државата од банкротство.
Меѓународните даватели на заем на Грција во понеделникот се согласија да го намалат нејзиниот долг на 124 проценти бруто домашен производ до 2020. Првичната цел беше 120 проценти. Грција исто така ќе добие околу 57 милијарди долари заем.
Претседателот на Европската централна банка, Марио Драги, го поздрави договорот, велејќи дека тоа „сигурно ќе ја намали неизвесноста и ќе ја зголеми довербата во Европа и во Грција.
Понеделничкиот 10-часовен состанок во Брисел е трет обид на министрите од 17-члениот блок во исто толку недели да постигнат договор по пакетот за спасување на Грција. Атина вели дека и` требаат парите во дел за избегнување на неможноста да ги исполни своите финансиски обврски.
Грчкиот долг во моментов е 180 проценти од нивниот бруто домашен производ, што е околу три пати повеќе од дозволениот лимит за државите на еврозоната.