Линкови за пристапност

Грчкиот договор со заемодавачите неизвесен


Грчкиот премиер постигнал договор, но партнерите во владата не го одобруваат.

Грчкиот премиер Антонис Самарас вели дека направил договор со меѓународните заемодавачи на државата по новиот план на владини мерки за штедење, но помалите партнери во владината коалиција веднаш изразиле негодување.

Самарас во вторник кажа дека владата ги завршила преговорите со ЕУ и ММФ за 17 милијарди долари намалени трошоци и реформи. Тој рече дека доколку парламентот го одобри пакетот следната недела, Грција ќе може да обезбеди други 40 милијарди долари помош и да остане во блокот на единствена валута од 17 нации.

Грција вели дека и` требаат тие пари за да избегне останување без готовина следниот месец. Самарас предупреди дека доколку законодавците го отфрлат пактот, „државата ќе падне во хаос“.

Социјалистичкиот лидер Евангелос Венизелос соопштението на Самарас го нарече „несреќно решение, најблаго речено“. Демократската лефтистичка партија вели дека се противи на трудовите реформи што ги бараат заемодавачите.
XS
SM
MD
LG