Линкови за пристапност

Грција има тешкотии да постигне договор со заемодавачите


Владата во Атина наиде на пречки во новата рунда преговори за мерките за штедење со меѓународните заемодавачи.

Грчките официјални лица ги продолжија разговорите со финансиските инспектори од Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд по планот за кратење на речиси 15 милијарди долари во владиното трошење. Но, разговорите беа стопирани кај можноста за елиминирање на работни места во администрацијата.

Грција се обидува да обезбеди одобрување на кратењето на трошоци со цел да прими 40 милијарди долари помош од вториот пакет во следните две години и да избегне неможност на исплата на долгот.

Грчкиот министер за финансии Јанис Стоурнарас призна дека има тешкотии во разговорите со меѓународните кредитори:

„Го поднесовме нашиот предлог за 11,5 милијарди евра до меѓународната тројка на кредитори. Во моментов водиме тешки разговори по овие тешки точки. Ќе видиме што ќе случи, ние сакаме да дојдеме до договор.“

Лидерот на социјалистите, Евангелос Венизелос, еден од помалите партнери во грчката коалициона влада, вели дека меѓународните кредитори, барем засега, не ги прифаќаат грчките предлози.
XS
SM
MD
LG