Станува збор за ненаселени острови кои пред 21 година беа причина овие две земји да дојдат до работ на војна.
Турски и грчки воени бродови се пресретнаа кај спорните острови во Егејското море, кои Турција ги нарекува „Кардак“, додека Грција ги нарекува „Имиа“. Атина ја обвини Турција за нарушување на воздушниот простор со воени авиони, рекордни 138 пати, за еден ден. Пред 21 година, овие ненаселени острови, беа причина двете земји да дојдат до раб на војна.
На овие тензии беа минато. Две децении се правеа напори за приближување на ставовите, но по одбивањето на грчкиот суд минатиот месец да ги предаде осумтте турски војници кои беа обвинети за неуспешниот државен удар во јули минатата година, турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавусоглу, предупреди на сериозни последици.
Аналитичарот Синан Улген, визитинг-професор на Институтот Карнеги во Брисел, вели дека било која воена конфронтација е малку веројатна, и` може да има реперкусии.
Минатиот месец, разговорите за повторно обединување на Кипар во Женева, завршија во ќор-сокак.
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во петокот го посети Истанбул каде има дводневни разговори вклучувајќи го и турскиот премиер Бинали Јилдрим.
Но, кампањата за платформа на национализмот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган која треба да се одржи на референдумот во април за проширување на неговите овластувања, аналитичарите, предупредуваат поцврст став кон Атина и Кипар, до изборите.
Кипар е поделен уште за време на турската инвазија во далечната 1974-та како одговор на краткотрајниот државен удар од страна на милитантните кипарски Грци, кои бараа присоединување со Грција.