Линкови за пристапност

Грција планира да ги отвори границите за туристите од Кипар и Израел


Планот е да се воспостави таканречен корона коридор, дозволувајќи пристап на туристи до почетокот на јули

Грција размислува да ги отвори границите за граѓаните од најмалку две други држави, каде ситуацијата со КОВИД-19 е под контрола и дозволува заживување на туризмот.

Министерот за туризам Харис Теохарис, вели дека потегот би вклучувал воспоставување на таканаречен корона коридор меѓу Грција, Кипар и Израел, привлекувајќи туристи кои не сакаат да патуваат далеку во наредните месеци, дозволувајќи им пристап до островите на Егејското и Средоземното Море до почетокот на јули.

„Неколку детали допрва треба да се разработат“, рече Теохарис за Гласот на Америка, додавајќи дека Израел и Кипар се расположени за ова.

Ова план, вели тој, ќе им дозволи на луѓето да избегнат карантин или двонеделен период на изолација.

„Никој не сака да оди на одмор знаејќи дека ќе биде затворен“, објаснува Теохарис.

Европската комисија, следната среда, ќе објави препораки за туризам за време на коронавирусот.

Дотогаш, неколку американски сојузни држави, како и Грција, преземаат мерки за регулирање на ситуацијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG