Линкови за пристапност

Оживување на планот за релокација на бегалците?


Многу од бегалците стравуваат од честото менување на правилата за тоа кој може да го продолжи патот

Во неделата, повеќе од 50 бегалци од Сирија и Ирак се одлучија да бидат дел од планот за релокација на Европската унија, со што теоретски им се гарантира сместување во некоја од земјите на ЕУ, иако тие не избираат во која. Проблемите со кои долготрајно се соочуваат на грчко-македонската граница, како дополнение на стресот и анксиозноста од патувањето по копно и преку Егејското Море, ги навело на ваква одлука.

Но, со само 325 од нив релоцирани според планот претставен од ЕУ минатата година, нивното патешествие е далеку од завршено. На закажаниот самит за средината на март, Комисијата на Европската унија планира да го оживее планот со тоа што барања за азил ќе бидат процесирани од страна на новоформирана федерална агенција и воени бегалци кои се распределуваат помеѓу земјите членки на ЕУ.

Сепак, претставници на Централна Европа и на Балканот за Гласот на Америка изјавија дека ќе го одбијат планот.

Некои хуманитарни работници тврдат дека е подобро семејствата да се обединат и тоа не само поради емоционални и морални причини. Роднините кои се веќе населени некаде, можат да им ја олеснат интеграцијата на новодојденците, помагајќи им да се адаптираат побрзо. Тоа исто така може да им помогне и на јавните фондации бидејќи роднините често финансиски ги помагаат своите новодојдени роднини.

Во меѓувреме, Македонија продолжува да пропушта само мал број на бегалци од се` поголемиот број на границата кај Идомени. Бегалците се чувствуваат уште понесигурни заради честото менување на правилата од страна на Македонија и другите држави на Балканот, вклучувајќи ја и арбитрарната одлука да се пропуштаат само бегалци од градови во Сирија и Ирак за кои полицијата одредува дали се погодени од конфликтот, да го продолжат патот до Западна Европа.

Тројца Сиријци од Дамаск кои биле помеѓу повеќе од двесте бегалци на кои им било дозволено да продолжат понатаму за време на викендот, биле вратени назад бидејќи доаѓаат од главниот град на Сирија, велат хуманитарните работници. Дамаск е еден од градовите кој полициските службеници не го сметаат како еден од погодените од конфликтот.

Правилото со кое се согласни полициските службеници од Хрватска, Австрија, Словенија, Србија и Македонија - да се стави забрана за воени бегалци кои имаат поминато повеќе од 30 дена во Турција или Грција или било која друга земја која се смета за „безбедна“, предизвикува паника кај бегаците во Идомени. Многу од нив имаат поминато повеќе од 30 дена во Турција пред да го продолжат својот пат кон Европа. Неодамнешниот напад на Асад, поддржан од руска страна, во северниот дел на Сирија беше одлучувачки момент за многу од новодојдените да ја напуштат Турција.

XS
SM
MD
LG