Линкови за пристапност

Ципрас го преживеа гласањето доверба


Гласањето следеше откако Каменос се повлече во знак на протест поради договорот со Македонија

Грчкиот премиер Алексис Ципрас едвај го преживеа гласањето на доверба во парламентот со само три гласови повеќе (151 спрема 148).

Ципрас повика на гласање на доверба откако Министерот за одбрана Панос Каменос поднесе оставка и ја повлече неговата националистичка партија АНЕЛ од владеачката коалиција.

Каменос се повлече во знак на протест поради договорот со Македонија, со кој заврши речиси триесетгодишниот спор околу тоа кој ќе го употребува името Македонија.

Ако грчкиот парламент го ратификува договорот официјалното име на Македонија ќе биде Република Северна Македонија.

Каменос побара за ова да се одлучува на референдум.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG