Линкови за пристапност

Ципрас смета дека ќе го преживее гласањето доверба на Владата


Гласањето следи откако министерот за одбрана, Панос Каменос, се повлече во знак на протест поради Преспанскиот договор

Грчките официјални претставници предвидуваат дека премиерот Алексис Ципрас ќе го преживее гласањето на доверба на владата, кое утре ќе биде на дневен ред во грчкиот парламент.

Ципрас во понеделникот повика на гласање, откако министерот за одбрана, Панос Каменос, се повлече во знак на протест поради Преспанскиот договор кој Грција го постигна со Македонија во врска со употребата на името Македонија.

Тој, исто така, од владеачката коалиција ја повлече својата националистичка партија АНЕЛ, оставајќи ја владејачката левичарска партија Сириза на Ципрас без мнозинство во парламентот, со што се отвора можноста за предвремени избори.

Портпаролот на владата изрази увереност дека Ципрас ќе победи на гласањето за недоверба и ќе остане на функција до крајот на својот четиригодишен мандат, кој завршува во октомври.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG