Папата Францис на 16-ти април ќе направи кратка посета на грчкиот остров Лезбос за да се сретне со бегалците кои престојуваат таму, се вели во изјавата на Светата Столица од четвртокот.
Ватикан соопшти дека папата ја прифатил поканата од лидерот на христијанската православна црква, патријархот Бартоломеј и грчкиот претседател.
На посетата се гледа како на симболичен гест за привлекување меѓународно внимание за приливот на бегалци, кои повеќето од нив се обидуваат да избегаат од војната и сиромаштијата во Сирија.
Посетата доаѓа во време кога ЕУ се соочува со проблеми да го имлементира планот за депортирање на илегални мигранти во замена за бегалци од Сирија.