Линкови за пристапност

Се затвора Дервени во Солун


Во најпознатиот бегалски камп на главното копно во Грција бегалците и мигрантите живеат во шатори

Застапниците повикуваат на поголемо внимание за лошиот третман кон бегалците и мигрантите кои се наоѓаат на грчките острови, иако условите не се ништо подобри ни во најпознатиот камп кој се наоѓа на копно, во близина на Солун.

Во ноември се очекува да биде затворен Дервени, единствениот камп на главното копно на Грција, каде што бегалците и мигрантите се` уште живеат во шатори.

Ако се случи затворање на кампот тоа ќе значи промена на пристапот, од кризна до состојба на подолгорочен пристап во разрешување на проблемите. Се очекува Грција да ги консолидира напорите за менаџирање на мигрантската популација од повеќе од 50 илјади лица, за која многумина грчки официјални претставници се плашат дека ќе остане во државата со години, а не месеци.

И покрај пристигнувањето на нови бегалци во Грција и критиката за начинот на справувањето со ситуацијата од страна на државата, жителите на Дервени остануваат длабоко несигурни за иднината.

За некои ова е „крајот на светот“

„Мислев дека работите ќе се подобрат, но кога дојдов тука и го доживеав ова, чувствував како да е крај на светот“ вели Џемал, жител на кампот кој побара да биде идентификуван со псевдоним.

Тој бил принуден да го напушти својот дом во источна Африка затоа што се спротивставувал на корупцијата. Џемал е исплашен да каже од која земја потекува. Тој го преминал Егејското море, од Турција до грчкиот остров Лезбос, поминувајќи четири месеци во шатор.

Околу 13 илјади мигранти и бегалци моментално се заглавени на грчките острови, меѓу кои Хиос, Самос, Кос и Лерос.

Тие се соочуваат со можна депортација, бидејќи повеќе од една година чекаат резултат од барањата за азил, а помина и половина година од договорот меѓу ЕУ - Турција во кој меѓу другото се вели дека сите оние чии апликации ќе бидат одбиени, ќе бидат вратени назад во Турција.

Лошите услови за живеење во камповите предизвикаа критика од хуманитарните организации, вклучувајќи и група од 19 лица кои на 23-ти октомври испратија отворено писмо до грчкиот премиер Алексис Ципрас. Во писмото се повикува грчката влада да ја прекине политиката на чување на бегалците и мигрантите на островите и побараа владата веднаш да ги пренесе на копно за да бидат „задоволени нивните потреби за заштита“.

Тешки услови

Дервени беше меѓу камповите кои владата ги користеше по расформирањето на илјадниците кампови кои се создадоа по затворањето на премините од страна на Македонија.

Сега во кампот живеат повеќе од 200 лица, при што некои пристигнале пеш преку копнената рута од Турција, а други, како Џемал биле префрлени таму од грчките острови од страна на државата.

Во последниве недели овие трансфери од островите престанаа, иако притисокот за префрлање на бегалци од островите се зголемува. Само минатиот месец од Турција во Грција пристигнале околу 6.000 бегалци, голем скок во споредба со претходните месеци.

(Џон Овенс)

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG