Четири тела беа пронајдени, а 342-ца мигранти се спасени од брод што потонал во Медитеранот, соопшти Меѓународната организација за миграција.
Околу 700-тини мигранти се верува дека биле во дрвениот брод, што почнал да тоне рано утринава.
„Рано утрото имаше брод на околу 25 метри, кој испрати сигнал за опасност “, изјави за Гласот на Америка Кристина Николадиу, портпарол на Меѓународната организација за миграција во Грција.
Пет бродови, вклучувајќи еден од грчката крајбрежна спасувачка служба, како и спасувачки хеликоптер работат во потрагата.
Канцеларијата на Обединетите нации за бегалци вели дека 880 мигранти и бегалци загинале во обид да го поминат Медитеранот, само во минатата недела.