Линкови за пристапност

Гласањето доверба на Владата на Ципрас нема да го попречи Договорот од Преспа


Гласањето доверба на Владата на Ципрас нема да го попречи Договорот од Преспа
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:41 0:00

Новинарот и аналитичар Ангелос Атанасопулос коментира за Гласот на Америка

На прашањето дали е загрзоен Преспанскиот договор токму во клучната финална фаза поради владината криза во Грција, соговорници за „Гласот на Америка“ од Атина велат не.

Нивните проценки се дека гласањето доверба на Владата на Алескис Ципрас, чекор што следи по повлекувањето на „Независни Грци“, само ќе го одложи, но, не и попречи ратификувањето на Договорот за името.

Утре ќе стартува парламентарната седница, а за доверба на кабинетот на Ципрас ќе се гласа в среда навечер.

„Недоверба се гласа со 151 глас зашто грчкиот Парламент има 300 пратенци. Сириза има 145 пратеници и поддршка од уште една независна пратеничка, што се 146 гласа. Потоа има разни сценарија, многу е веројатно дека дел од `Независни Грци` не сакаат Владата да падне и нема да гласаат „за“ недоверба“, изјави новинарот и аналитичар Ангелос Атанасопулос.

Ако Ципрас го „преживее“ гласањето, што и најверојатно ќе се случи, планот е веднаш потоа Договорот од Преспа да влезе во процедура во грчкиот Парламент.

„Владата најверојатно ќе оди на скратена постапка со ратификувањето на Договорот од Преспа кој прво ќе ги помине комисиските филтри па ќе влезе на пленарна седница. Идејата е целиот процес во Парламентот да заврши за 5 до 6 дена. Очекуваме „Потами“ да гласа за, како и дел „Независни Грци“, вели тој.

Откако Грција ќе го заврши својот дел од Договорот, НАТО ќе може да го изготви протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во Алијансата.

По потпишувањето на овој документ ќе стартува процесот на негова ратификација во парламентите сите земји-членки, вклучувајќи ја и Грција.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG