Линкови за пристапност

Коѕијас: Никој не врши притисок врз Грција за името


Изјави грчкиот министер за надворешни работи, за Атинско-македонската новинска агенција во Вашингтон, по средбата со државниот секретар на САД Мајк Помпео

Поддржуваме име кое се наоѓа на листата предлози на посредникот на Обединетите нации Метју Нимиц, изјави грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас, за Атинско-македонската новинска агенција во Вашингтон, во врска со преговорите Скопје - Атина.

„Очигледно ја поддржуваме потребата да се прифати едно од имињата предложени од специјалниот посредник на Обединетите нации Метју Нимиц, со цел да продолжиме со имплементација на стратешки план за пријателска соработка во иднина со оваа држава, под новото име. Никој не не` притиска, бидејќи Грција презема иницијатива во активностите“, изјави Коѕијас.

Како што јавува Агенцијата, прашањето за името не било тема на разговор на средбата на Коѕијас со државниот секретар на САД Мајк Помпео, но, оти прашањето било дискутирано претходно, на состанокот со помошник -државниот секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел.

„САД не вршат притисок врз Грција за прашањето за името. Државата презема сопствена иницијатива и има водечка улога во преговарачкиот процес“, велат извори од Агенцијата.

Грчката влада претходно го поздрави решението ерга омнес, нагласувајќи дека се направени позитивни чекори во преговорите со Македонија, но, оти двете страни се` уште имаат значителна разлика „пред да зборуваат за конечниот договор“.

На крајот на неделата, во Њујорк има нова средба на македонскиот министер за надворешни работи Никола Димиров, Коѕијас и посредникот Метју Нимиц.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG