Линкови за пристапност

Грција инсистира на име предложено од Метју Нимиц


Сепак го поздравуваме фактот што решението ерга омнес е прифатено од нашите соседи, и ќе продолжиме да преговараме разумно, изјави денес грчкиот владин портпарол

Грчката влада го поздрави решението ерга омнес, кое првпат беше прифатено од страна на македонската страна, соопшти грчкиот владин портпарол Димитрис Ѕанакопулос, а изјавата ја пренесе Атинската новинска агенција, со седиште во Вашингтон.

Сепак, додава тој, грчката страна инсистира дека најдобро решение би било ако се избере едно од предложените имиња на посредникот на Обединетите нации Метју Нимиц.

Како што пренесува Агенцијата, позитивни чекори се направени во преговорите со Македонија, но, оти двете страни се` уште имаат значителна разлика „пред да дојдат до конечниот договор“

„Неколку предлози се испратени, но, грчката страна инсистира дека најдобро решение е име предложено од Метју Нимиц. Секако, ние разговарме за предлозите со нашите соседи, но, преговорите се одржуваат во специфичен контекст, и е добро да се држиме до тоа“, рече тој, и додаде:

„Го поздравуваме фактот што ерга омнес е прифатено од нашите соседи, и ќе продолжиме да преговараме разумно“.

Како што пренесува Агенцијата, грчката позиција е дека за да биде постигнат конечен договор, двете страни мора да се договорат за едно име за секаква употреба или ерга омнес.

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас, денес и утре е во посета на Вашингтон, каде треба да се сретне со државниот секретар на САД Мајк Помпео и националниот советник за безбедност Џон Болтон, додека в среда патува во Њујорк, каде се очекува да се сретне со генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш.

На крајот на неделата, пак, се среќава со македонскиот министер за надворешни работи Никола Димиров и посредникот Метју Нимиц.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG