Линкови за пристапност

Грчки медиуми: Опасно затегање на јажето во преговорите


Опасно затегање на јажето во преговорите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:08 0:00

Грчките медиуми, изјавата на Димитров, сликовито ја нарекуваат опасно затегање на јажето во преговорите

„Така што ако дојдеме до таа точка да преговараме за идентитетот, за жал ќе немаме решение“, ова вчера го кажа министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров.

Изјавата на Димитров дадена по средбата со Метју Нимиц ја крена грчката влада на нозе. „Ова не му помага на процесот“ – се реакциите на официјална Атина.

„Мислам дека изјавите на Димитров, во текот на преговорите, не помагаат. За овие теми разговараа и двајцата премиери Заев и Ципрас - дека постојат конкретни политички барања за да можеме да стигнеме до взаемно прифатливо решение“ – изјави портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос кој образложи дека позициите на Атина се темелат на 3 столба - сложено име, име за севкупна употреба што би вклучувало и уставни измени и бришење на иредентизмот.

Грчките медиуми, изјавата на Димитров, сликовито ја нарекуваат опасно затегање на јажето во преговорите. Дел од домашните аналитичари, имајќи го во предвид досегшниот позитивен тек на преговорите, сметаат дека настапот на Димитров е дел од дипломатското надмудрување.

Наспроти добрата волја кај двете страни, понекогаш поради држење на позиците, се даваат изјави кои ќе предизвикаат реакции, и тоа може да го наруши процесот, но мислам дека сепк процесот оди во добра насока“, изјави аналитичарот Мерсел Биљали.

Меѓународните претставници ја реафирмираат поддршката на процесот и сугерираат што побрзо решение за земјата да може да се фокусира на другите цели.

„Почувствував при разговорите доста фрустрација дека ова прашање одвлекува многу енергија и дека го попречува исполнувањето на надворешно-политичките цели на Македонија. Се надевам дека ќе се реши во блиска иднина на начин што ќе ги задоволи двете страни за да може да се придвижиме кон други работи“, рече комесарот за човекови права на Советот на Европа, Нилс Муижниекс.

Процесот продолжува, на потег е медијатор. Дилемата е како владата во Атина ќе продолжи да го менаџира прашањето имајќи го во предвид сериозниот домашен отпор манифестиран во протестот во Солун и најавениот голем собир в недела во Атина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG