Линкови за пристапност

По протестот во Солун, Македонија осуди активности на омраза и нетрпение


По протестот во Солун, Македонија осуди активности на омраза и нетрпение
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:57 0:00

Од протестот се огради солунскиот градоначалник. „Многу сум разочаран, зашто по 25 години од спорот за името на Скопје ние сме во иста позиција.“ оцени Јанис Бутарис

„За жал, сѐ уште се случуваат изолирани инциденти како овој во Солун, предизвикани од поединци и групи кои и натаму живеат во минатото и во политиките на конфронтација и национална изолираност, чии активности ги осудуваме како политики на омраза и нетрпение. Мнозинството граѓани сакаат да развиваат блиски и пријателски односи со што придонесуваат кон унапредување на соработката и перспективите меѓу двете земји“.

Ова е реакцијата на македонското МНР по вчерашните, неочекувано масовни протести во Солун, поддржани од грчки десничарски здруженија, како порака до владата во Атина да не прифаќа терминот „Македонија“ да биде дел од евентуалниот договор за името.

Од македонската дипломатија велат дека владата продолжува искрено да гради мерките на доверба со Грција за постигнување решенија за отворените прашања.

Од протестот се огради солунскиот градоначалник Јанис Бутарис, кој неодамна беше во Скопје. „Многу сум разочаран, зашто по 25 години од спорот за името на Скопје ние сме во иста позиција. Проблемот е во тоа што луѓето сметаат дека Македонија ќе ни го одземе идентитетот, а тоа никој нема да го направи“, изјави Бутарис.

Во ваква, наелектризирана атмосфера, пред се` во Грција, како што покажа собирот во Солун, на кој според грчката полиција имало 90.000 луѓе, за првпат ќе се сретнат Зоран Заев и Алексис Ципрас, двајцата премиери ќе се видат задутре во Давос. За што конкретно ќе се зборува, ќе се начне ли во суштина предлог-рамката што ја понуди Метју Нимиц, засега не се открива. Неофицијалните информации се дека може да се очекува веќе за десетина дена медијаторот да дојде во регионот. Тој самиот од Њујорк најави дека очекува покана за да ги посети Скопје и Атина.

Расположение за договор, барем јавно, има и кај самиот Ципрас, кој во интервју за грчките медиуми, вели дека би било „национална глупост да не се искористи шансата за решавање на прашањето“, кое според грчкиот премиер, треба да биде во форма на име за севкупна меѓународна, но и внатрешна употреба.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG