Линкови за пристапност

Најмалку 74 мртви во шумски пожар во Атина


Властите побараа помош од Европската унија за да може да се справат со огнот

Пожарникарите се` уште се обидуваат да го изгаснат шумскиот пожар во Атина, при кој загинаа најмалку 74 мртви, а повеќе од 140 лица беа повредени.

Огнот, кој со голема брзина се шири кон источнот и западниот дел на грчкиот главен град, уништи и многу возила.

Некои луѓе и натаму бараат засолниште.

„Пламенот беше зад нас додека трчавме кон водата. Ни` изгоре грбот, пред да скокнеме во морето“, вели еден од тамошните жители.

Атина побара помош од Европската унија за да може да се справи со огнот, на копнен и воздушен начин.

Премиерот Алексис Ципрас ја прекина посетата на Босна и Херцеговина и се врати во Грција, повикувајќи итен состанок за контрола на ситуацијата.

Властите ги повикуваат жителите да ги напуштаат домовите, и да не се изложуваат на чад и опасни услови.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG