Линкови за пристапност

Во експлозија повреден Пападемос


Поранешниот грчки премиер е хоспитализиран и e во стабилна состојба

Поранешниот грчки премиер Лукас Пападемос, бил повреден кога во неговото возило во Атина експлодирала бомба, соопштија грчките власти.

Двајца вработени во Банката на Грција кои биле во возилото исто така биле повредени. Потоа, тројца биле хоспитализирани и се наоѓаат во стабилна состојба, соопшти портпаролот на грчката влада Димитрис Цанакопулос, нарекувајќи го инцидентот „напад“.

Досега никој не ја презеде одговорноста.

Пападемос беше премиер на Грција во период од шест месеци, во 2011-та и 2012-та година, по заминувањето од функцијата на социјалистот Јоргос Папандреу, со цел создавање влада на национално единство и справување со должничката криза.

69-годишниот Пападемос е почитуван економист и поранешен вице-гувернер на Европската централна банка. Тој ги постави основите на мерките за штедење и му се припишува заслугата за спречување на колапсот на економијата во државата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG