Линкови за пристапност

Темелни реформи или банкрот за Грција


Доколку се зголемат даноците, а се направи и кратење на пензиите, земјата може да се спаси од банкрот

Грција постигна договор со европските кредитори за потемелни реформи во замена за нова рата помош која и’ е неопходна на Атина за да го избегне можниот банкрот.

По неколкумесечните тешки преговори, грчките власти се согласија за кратење на пензиите и зголемување на даноците.

На Грција очајно и’ требаат околу 8 милијарди долари за да се реализира долгот во јули или ќе се соочи со можен банкрот. Таа се потпира на меѓународната финансиска помош од 2010 година, кога конзервативната влада во заминување, не го пријави долгот на земјата.

Тешките економски реформи, вклучувајќи го и` намалувањето на социјалните трошоци и даночни зголемувања, предизвикале болка и хаос за многу Грци.

„Јас не разбирам што сакаат кредиторите? Тие ги сакаат назад парите што ги позајмиле? Како ќе се вратат парите, кога не постои раст во економијата, а без тоа, луѓето не можат да работат во Грција? Нема пари кои циркулираат во стопанството. Што сакаат, кога ја ставија земјата во ќош? Јас искрено не можам да разберам која е нивната цел?“, коментираат грчки пензионери.

Премиерот Алексис Ципрас вели дека е убеден оти Парламентот ќе го одобри новиот круг кратења во буџетот.

Европската Комисија и Европската централна банка треба да постигнат договор на состанокот закажан за 22-ри мај.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG