Линкови за пристапност

Околу 3,5 милиони денари хуманитарна помош за Грција


Околу 3,5 милиони денари хуманитарна помош за Грција
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:42 0:00

Црвениот крст веднаш по несреќата отвори телефонски броеви и жиро сметки, каде можат да се уплаќаат донациите

Пожарите во грчкото туристичко место место Мати кај Атина ги молбилизира македонските граѓани, кои донираат финансиски средства за помош на загрозените подрчаја.

Црвениот крст веднаш по несреќата отвори телефонски броеви и жиро сметки, каде можат да се уплаќаат донациите.

Оттаму информираат дека за само неколку дена биле собрани околу 3,5 милиони денари или нешто повеќе од 57.000 евра.

Охридскиот црвен крст вели дека континуирано ја следи состојбата во Грција, и во зависност од насоките на Меѓународниот црвен крст и Црвената полумесечина, ќе делува.

„Црвениот крст на Македонија дополнително ќе испрати хигиенски пакети и бебешка храна. Но, тоа сепак ќе оди преку Меѓународната федерација, за да може да се внесат вакви продукти во земја на ЕУ, и сето тоа да биде контролирано од страна на Меѓународната федерација“, изјави Мимоза Ставрева, секретарка на Црвениот крст во Охрид.

Ставрева додава дека уште од првиот момент после пожарите, почналеда добиваат повици од граѓани кои сакаат да помогнат.

„Имаше заинтересирани физички и правни лица кои сакаа да донираат и ги насочивме“, изјави таа.

И некои од македонските општини одговорија на повикот на Црвениот крст.

„Ние како општина земаме обврска да ги анимираме сите граѓани, компании и поединци, да се вклучат во оваа акција и секој колку може да помогне во справување со оваа катастрофа. За таа цел на нашата веб страница ќе го објавиме апелот на Црвениот крст на Македонија, во кој се посочени телефоните за донирање“, вели Томислав Џамотски од Општина Охрид.

Скопската Општина Карпош отвори два пункта за собирање донации.

Владата на Република Македонија донесе одлука за финансиска помош од шест милиони денари за Владата во Грција.

Дополнително, формирано е и координативно тело, кое ја следи состојбата, и ќе координира соодветна хуманитарна помош, што ќе произлезе од потребата на надлежните институции во Грција.

Планинарското друштво од битолското село Новаци, преку институциите на системот, испратило порака дека членовите, и е спремно да помогне на грчките тимови во поддршка и спасување.

Дирекција за заштита и спасување понудила два авиони за гасење пожарите, при кој досега се регистирани 90 жртви.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG