Линкови за пристапност

Германската влада дискутира за спасување на Грција


Германската влада дискутира за спасување на Грција
Германската влада дискутира за спасување на Грција

Германската влада вели дека внимателно ќе го испита договорот за спасување на Грција пред да реши колкав ќе биде нејзиниот удел во пакетот за спасување на Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, тежок 146 милијарди долари

Германската влада вели дека внимателно ќе го испита договорот за спасување на Грција пред да реши колкав ќе биде нејзиниот удел во пакетот за спасување на Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, тежок 146 милијарди долари.

Германската канцеларка Ангела Меркел во понеделник го свика својот кабинет за расправа по легислативата, и се надева дека документот ќе биде одобрен до петок. Германија се очекува да придонесе со повеќе од 11 милијарди за Грција само во првата година.

Меркел во неделата кажа дека спасувањето е единствен начин да се обезбеди стабилност на еврото.

Според спасувачкиот план на ЕУ-ММФ, другите 15 држави на ЕУ и ММФ ќе и` дадат заеми на Грција. Германија ќе биде најголемиот заемодавач, но го задржуваше давањето на помошта додека Атина не преземе дополнителни мерки за намалување на трошоците.

Во меѓувреме, грчки весници во понеделникот реагираа на одлуката донесена викендов, велејќи дека спасувањето значи крај на една ера во Грција. Та Неа, центристички дневен весник, кажа дека грчкиот начин на живот завршил.

Министрите за финансии на Европската унија го објавија пакетот од 146 милијарди долари за Грција во неделата во Брисел. Пакетот за спасување се очекува да биде поздравен од европските лидери на специјален самит подоцна годинава.

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу кажа дека пакетот е неопходен за Грција да избегне банкротство. Тој кажа дека Грција мора да покаже волја за големо жртвување што неговата влада го изложи во планот за намалување на дефицитот на буџетот на државата за околу 32 милијарди долари.

Американскиот претседател Барак Обама зборуваше со Папандреу по телефон во неделата. Претседателот ја поздрави реформската програма на Грција заедно со „значителната поддршка“ од ММФ и од членките на Еврозоната.

XS
SM
MD
LG