Линкови за пристапност

Европа се согласи на пакет-заем за Грција

Шеснаесет држави што користат евро за своја валута се согласија на Грција да се даде заем од 40 милијарди долари, нудејќи и` на грчката влада да позајми по значително пониска каматна стапка отколку што во моментов добива.

Нациите на еврозоната ќе придонесат со 30 милијарди долари во пакетот и Меѓународниот монетарен фонд се очекува да додаде околу 10 милијарди.

Парите ќе бидат на располагање доколку Грција формално побара помош.

Грчката влада до сега одбиваше да побара помош од ЕУ и ММФ додека се обидува да го исплати масивниот долг и да го намали буџетскиот дефицит.

Грција беше принудена да позајми пари на меѓународните финансиски пазари по висока каматна стапка што се заканува да го оневозможи отплаќањето на долгот.

XS
SM
MD
LG