Линкови за пристапност

Грчка коалициона влада ќе биде именувана во понеделник


Грчка коалициона влада ќе биде именувана во понеделник
Грчка коалициона влада ќе биде именувана во понеделник

Грчкиот социјалистички премиер Џорџ Папандреу и опозициониот лидер Антонис Самарас повторно се сретнаа во понеделник да изберат нов привремен премиер и Кабинет пред средбата на министрите за финансии на еврозоната. Министрите ќе решат дали да ослободат дополнителни 11 милијарди долари во фондови за помош.

Папандреу заминува од функцијата во корист на привремена коалициона влада чија задача е одобрување на новата помош од ЕУ. Договорот бара од Грција да ги крене даноците и да направи поголеми скратувања во владините работни места и пензии.

Коалицијата ќе трае до новите избори, прелиминарно планирани за 19 февруари.

Папандреу нема да ја води новата коалиција. Не е јасно дали планира да се кандидира повторно следната година.

Портпарол на грчката влада кажа во недела дека тоа било историски ден за Грција, со согласување на премиерот да ја предаде власта заради можноста да ја спаси државата од банкротство. Но многу обични грчки граѓани, кои велат дека доволно жртвувале, велат дека сите политичари се исти и дека новите избори немаат значење.

XS
SM
MD
LG