Линкови за пристапност

17 милијарди долари нов заем за Грција?


17 милијарди долари нов заем за Грција?
17 милијарди долари нов заем за Грција?

Комесарот за економски прашања на Европската унија Оли Рен очекува 17-те земји на евро-зоната да дадат уште еден заем на Грција, овојпат во висина од 17 милијарди долари, за да спречат натамошна дестабилизација на финансиските пазари.

Рен изјави дека е сигурен дека министрите за финансии на земјите од евро-зоната ќе се согласат да го активираат заемот на средбата што ќе се одржи во недела. Средствата се најнова рата од пакетот за спас на Грција од 160 милијарди долари што минатата година го понудија ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд.

Обете организации претходно наведоа дека грчкиот Парламент најпрвин мора да одобри натамошни мерки за штедење, пред да бидат испратени средствата. Грчкиот премиер Јоргос Папандреу побара од Парламентот да одобри нови даночни зголемувања, намалување на трошоците и продажба на државниот имот, но тоа предизвика гнев кај голем број негови сонародници кои велат дека веќе доволно жртвувале.

Грција предупреди дека можеби не ќе може да продолжи навремено да го отплаќа долгот доколку не добие 17 милијарди долари наредниот месец.

Претставници на ЕУ деновите рагзовараа за условите на новата помош за Грција. Рен не очекува за тоа да се донесе одлука барем до јули, поради несогласувања околу улогата на приватниот сектор во новата помош.

Папандреу има проблем и со растечкото незадоволство од социјалистичките пратеници кои четвртокот свикаа партиска средба за да дискутираат како тој се справува со кризата. Двајца пратеници од партијата дадоа оставка во знак на протест поради колапсот на преговорите средата со опозиционите конзервативци за формирање на влада на национално единство. Папандреу најави дека има намера да изврши реконструкција на владиниот кабинет за да ги протурка нивните мерки на штедење низ Парламентот.

XS
SM
MD
LG