Линкови за пристапност

ММФ и ЕУ го поздравија давањето нов заем на Грција


Главниот инспектор на ММФ Пол Томсен изрази верба за грчките планови да ги намали владините трошоци, но кажа дека државата сеуште е соочена со клучните предизвици

Ревизорите од Меѓународниот монетарен фонд и ЕУ велат дека Грција треба да прими 12 милијарди долари заем заради напредокот што го постигнала земјата во справување со должничката криза.

Главниот инспектор на ММФ Пол Томсен изрази верба за грчките планови да ги намали владините трошоци, но кажа дека државата сеуште е соочена со клучните предизвици.

Во заедничко соопштение по двонеделна ревизија, ревизорите изразија загриженост за способноста на Атина да ги имплементира даночната и буџетската реформа. Тие исто така ја поттикнаа Грција да продолжи со напорите да ја направи својата транспортна индустрија поконкурентна.

ММФ и ЕУ порано годинава бараа од Грција да усвои мерки за намалување на владините трошоци во замена за 136 милијарди долари спасувачки пакет за грчката економија и избегнување на поголема економска катастрофа во Европа.

XS
SM
MD
LG