Линкови за пристапност

Никој не е над законот, порача британската амбасадорка Рејчел Галовеј


Ние тоа јасно сме го ставиле до знаење во бројни дискусии, како и преку помошта за унапредување на судството, изјави амбасадорката на Велика Британија во Северна Македонија

Ефективноста и интегритетот на правниот систем е суштински за сите граѓани, изјави во Струга британската амбасадорка во Северна Македонија Рејчел Галовеј.

„Ние тоа јасно сме го ставиле до знаење во бројни дискусии, како и преку помошта за унапредување на судството. Случајот `Рекет` е можност да се покаже пред граѓаните дека никој не е над законот“, рече Галовеј, нагласувајќи дека секој треба да биде третиран согласно законите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG