Линкови за пристапност

Грција уапси деветмина по фатален бродолом


Некои трауматизирани преживеани веруваат дека се уште се на бродот
Некои трауматизирани преживеани веруваат дека се уште се на бродот

Девет лица се уапсени во Грција во врска со потонувањето на брод кај јужниот брег на таа земја во средата, при што загинаа 78 лица. Осомничените се притворени поради наводи за шверц на луѓе и учество во злосторнички потфат.

Додека 104 луѓе беа спасени, се верува дека бродот, кој се преврте и потона, превезувал дури 750 луѓе, според Меѓународната организација за миграција, агенцијата за миграција на ОН.

Асошиетед прес јавува дека 27 од спасените остануваат хоспитализирани.

Некои од преживеаните биле толку трауматизирани од несреќата што сè уште веруваат дека се на бродот и дека ќе умрат, се вели во извештајот на Ројтерс.

Некои информации за овој извештај дојдоа од Асошиетед прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG