Линкови за пристапност

Грција предупреди на опасно лето за шумски пожари


Пожарникар и доброволци гасат шумски пожар во близина на Атина, Грција, 30 јуни 2024 година
Пожарникар и доброволци гасат шумски пожар во близина на Атина, Грција, 30 јуни 2024 година

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денес рече дека земјата се соочува со опасно лето за шумски пожари, со долготрајна суша и невообичаено силни ветрови.

Шумските пожари се вообичаени во медитеранската земја, но потоплото, суво и ветровито време, кое научниците го поврзуваат со ефектите од климатските промени, ја зголеми нивната фреквенција и интензитет.

Викендов десетици пожари избувнаа низ Грција, вклучително и два блиску до главниот град Атина.

„Ова е лето кое се очекува да биде особено опасно... најтешките времиња се уште пред нас“, рече Мицотакис додека се обраќаше до неговиот кабинет.

„Имавме многу тежок јуни во однос на временските услови со голема суша и невообичаено високите бранови на ветер за сезоната“, рече тој, пофалувајќи ги пожарникарите што успеаја да ги локализираат пожарите во викендот.

Мицотакис рече дека во двата пожара изгореле помалку од 100.000 квадратни метри (24,7 хектари) земја и дека штетата била контролирана поради реакцијата на државните органи за вонредни состојби.

Грција ги зголеми своите подготовки оваа година со ангажирање повеќе персонал и зголемување на обуката, откако минатата година шумските пожари принудија 19.000 луѓе да го напуштат островот Родос и убија 20 на северот на земјата.

„Нашиот арсенал може да биде посилен, но ништо - и тоа се гледа во пракса - не го надминува подготвувањето, а и јавноста да биде вклучена во оваа колективна одбрана од природни опасности“, рече Мицотакис.

XS
SM
MD
LG