Градоначалникот Винсент Греј и неколку членови на Градскиот совет на ДЦ, биле уапсени во понеделник откако блокирале улица во близина на зграда на Сенатот на САД. Полицијата на американскиот Капитол вели дека градоначалникот Греј и членовите на советот биле меѓу 41-то притворено лице и обвинети за незаконско собирање.
Протестантите биле лути заради рестрикциите што се наметнати врз дистриктот како дел од буџетската зделка 2011. Претседателот Барак Обама и конгресните лидери постигнаа договор минатиот петок, на околу еден час пред истекот на рокот и затворање на владата.
Доколку буџетската зделка се одобри како што стои, дистриктот нема да биде во можност да користи локални или федерални пари за абортуси на жени со ниски примања.