Линкови за пристапност

Лорд и Дафт Панк ги добија главните Греми


Тинејџерка од Нов Зеланд и француско електронско дуо ги добија главните награди Греми доделени во Лос Анџелес во неделата навечер.

Лорд, 17-годишна пејачка и авторка на песни чие вистинско име е Ела Јелич-О`Конор заработи Греми за песна на годината, за коавторство на хитот „Ројалс“ и најдобра поп соло изведба на таа песна од албумот „Пјур хероин“.

Француското дуо Дафт панк ја зеде другата главна награда Греми, заработувајќи албум на годината за „Рандом ексес меморис“ и снимка на годината за „Гет лаки“, производ на музичките продуценти, раперот Фарел Вилијамс и гитаристот Најл Роџерс.

Рап-дуото од Сиетл Меклмор и Рајан Луис беше именувано за најдобар нов уметник, и доби други награди за рап. Двојката изгради база на обожуватели со само-продуцирани синглови, а Бен Хагерти, вокалист кој се појавува на сцената како Меклмор, зборуваше за процесот како допреле до слушателите.

Меклмор и Рајан Луис ја изведоа нивната песна „Сеим лав“ со Квин Латифа, Мадона и Мери Ламберт. Квин Латифа има сертификат за изведување на церемонија на венчавка во Калифорнија и тоа го стори за 33 двојки за време на претставата. Некои од двојките беа хетеросексуалци, а некои хомосексуалци.

Гремите отидоа и кај Бруно Марс за најдобар поп вокален албум, па до Радиоактив, за најдобра рок изведба, и за најдобар рок албум, на рок бендот од 1970-те Лед Цепелин за албум снимен на концертот на повторно обединување во 2007-ма.

Кејси Масгрејвс зеде Греми за најдобар кантри албум. Пол Макартни сподели Греми за најдобра рок песна за синглот „Кат ми сам слек“

Макартни со преостанатиот Битл Ринго Стар настапија заедно, додека вдовицата на Џон ленон Јоко Оно ги следеше од публиката.

Друг настап ги донесе заедно на сцената ветераните на кантри музика Вили Нелсон, Крис Кристоферсон и Мрл Хагард.
XS
SM
MD
LG