Линкови за пристапност

Карди Би - прва жена со Греми за најдобар рап албум


Годинешното доделување на наградите почна со изненадување од поранешната прва дама на САД Мишел Обама, која се појави на сцената

Вчерашното доделување на Греми наградите во Лос Анџелес генерално беше во знак на жените.

Церемонијата почна со изненадување - поранешната прва дама на САД Мишел Обама се појави на сцената, каде сподели што за неа значи музиката.

„Музиката отсекогаш ми помагала да ја кажам мојата приказна“, рече Мишел пред публиката.

Кантри пејачката Кејси Масгрејвз ја освои наградата за албум на годината за „Golden Hour“.

Карди Би доби Греми за најдобар рап албум за „Invasion of Privacy“,што претставува прва победа на жена во оваа категорија.

Лејди Гага, пак, ја доби наградата во категориите најдобар поп дует за песната „Shallow“ која ја испеа со Бредли Купер во филмот „Ѕвездата е родена“ и најдобра соло изведба за песната „Where Do You Think You’re Goin’?“.

Уметникот Доналд Гловер, познат како Чајдлиш Гамбино ја освои наградата за најдбро видео и најдобра песна за „This America“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG