Линкови за пристапност

Бруно Марс победник на „Греми“

Освои шест награди, меѓу кои најпрестижните, албум и песна на годината

Бруно Марс беше голем победник на синоќешното 60-то по ред доделување на музичките награди Греми, освојувајќи шест награди, меѓу кои најпрестижните, албум и песна на годината.

За време на прифаќањето на главната награда за албумот „24K Magic“, Марс рече дека нумерите биле „напишани со љубов“ и оти едноставно сакал сите да танцуваат на звуците.

Кендик Ламар е добитник на пет статутки, меѓу кои и најдобра рап песна, рап албум и најдобра рап изведба.

Пинк беше номинирана за поп-соло изведба за „What About Us“, но, таа награда му беше доделена на Ед Шеран за „Shape of You“.

Канаѓанката Алесија Кара е најдобра во категоријата, нова изведувачка, додека на Кери Фишер и` беше доделено постхумно „Греми“ за аудиозапис на нејзините сеќавања од снимањето на „Војна на ѕвездите“. Постхумно беше почестен и легендарниот Леонард Коен.

Церемонијата во Њујорк беше обележана со политички и социјални прашања, со тоа што некои од ѕвездите ја потсетија публиката дека музичката индустрија мора да се соочи со проблемот на сексуално вознемирување, и прашањата за дискриминација заснована на полот. Многумина од присутните на настанот носеа бели ружи, во знак на солидарност со движењата против овие прашања.

This item is part of

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG