СКОПЈЕ – Бојкот на големите ланци трговски маркети утре повторно ќе има, државниот буџет повторно ќе остане покус поради помал прилив на пари од ДДВ, а Владата и министерството за економија ќе чекаат на извештаите на пазарната инспекција и Комисијата за заштита на конкуренција за да одлучат кои и какви мерки ќе преземат.
Одлуката за замрзнување на цените која министерот за економија и труд Бесар Дурмиши најави дека ја чува во фиока, засега останува таму.
„Одредени субјекти на шпекулативен начин се обидуваат да генерираат огромни приходи на грбот на граѓаните. Ова нема да го прифатиме и нема да го толерираме. Како ќе постапиме понатаму, ќе ве известам на брифинг. Подготвени сме и ќе ги земеме сите мерки и алатки кои ни се на располагање како Влада за д ги спречиме овие појави“, изјави министерот Дурмиши.
Што открила контролата на Пазарната инспекција, која ја најавија и министерот и премиерот, како и за резултатите на клучната Комисија за заштита од конкуренција ќе се дознае најрано идната недела.
„ Целокупниот процес се контролира. Ќе контролираат колкава е процентот на маржата ставен од трговците, дали таму е интервенирано и врз основа на тој извештај кој ќе го добиеме од Државниот пазарен инспекторат, како Влада ќе ги преземеме мерките кои треба да се4 преземат““, објасни Дурмиши.
Премиерот Мицкоски смета дека решението на проблемот е во дијалог и со прст посочи во трговците кои продаваат лекови и бела техника како и економски оператори кои ја злоупотребувале својата положба на пазарот, без да прецизира кои.
Трговци со друг тип на производи како што се лекови и бела техника кои продаваат производи кои ако се споредат со тие во регионот се два до три пати поскапи. Тоа е невозможно да е последица на лоша зделка или царински давачки. Колку е доста?“, изјави премиерот Мицкоски.
Мнозинството граѓани децидно утре бојкот ќе има а Владата мора да најде начин како да ги стави цените под контрола.
Стопанската Комора, каде членки се дел од големите трговци и маркети, соопшти дека направила анализа според која во креирање на цените односно поскапувањето главна улога имале добавувачите и производителите а не трговците.
Супермаркетите работеле со просечна профитна маржа од 0,83%, а производителите и дистрибутерите во просек остварувале 4,32% додека некои добавувачи имале профитни маржи над 13% а супермаркетите под 3%.
Според Државниот завод за статистика во последните три години храната поскапела за 36 проценти. Основните продукти како лебот поскапел за над 40%, месото над 36%, млекото, сирењето и јајцата за 39%, овошјето за 33%, а зеленчукот за над 44%.